Орлите ја декласираа Австралија за големо финале во Рио!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарската репрезентација на Србија се пласираше во финалето на ОИ. Избраниците на Саша Џорџевиќ во полуфиналето ја прегазија Австралија со резултат 87:61 и ќе играат во големо финале против САД.

Првата четвртина донесе мал број на поени. Србија одлично влезе во мечот. Поведе со 8:0, Австралијанците шутираа очајно од игра (13 %), па првата четвртина ја завршија со пет уфрлени поени.

Србија после првата четвртина имаше повеќе од  11 поени предност, 16:5. Австралија добро го отвори вториот период. Направија серија од 5:0, а Саша Џорџевиќ бараше минута одмор.

Тоа одма даде резултат. Па Орлите со одлична одбрана набрзо дојдоа и до 14 поени предност, 24:10. Продолжи шутерската агонија на Австралијанците.

Не можеа да погодат апсолутно ништо, па српските кошаркари лесно ја зголемуваа предноста, и на одмот заминаа со 21 поен предност, 35:14.

Ја одржуваше Србија предноста во продолжението на мечот. Австралија не можеше да погоди ни чисти зицери, што избраниците на Саша Џорџевиќ максимално го користеа.

После 30 минути игра беше огромни 26 поени предност за српскиот тим, 66:38.

До крајот на мечот Србија без поголеми проблеми ја заврши работата, и отиде во големото финале, каде што ги чека дуел со САД. Србија до победа ги водеше фантастичниот Милош Теодосиќ со 22 поени., додека кај Австралија Пети Милс уфрли 13 поени, како Мотум.