Островот „бруи“ – На Мурињо со Погба ќе му се придружи колега од репрезентацијата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако му појде за рака, средниот ред на Јунајтед повторно ќе биде еден од најсилните во Европа.

Стигнаа Михтаријан, Ибрахимовиќ и младиот Бејли, а на пат е и Пол Погба.

Се чини дека Французинот од Јуве е на чекор од враќање во редовите на Црвените ѓаволи, но треба да се сочека на официјална потврда.

Јунајтед покрај Погба планира уште неколку засилувања, а едно од нив може да биде од Вест Хем.

Како што „Скај Спортс“ јавува, во прашање е ни помалку ни повеќе туку еден од најдобрите играчи во ПЛ од минатата сезона, како и еден од најдобрите играчи на неодамна завршеното ЕП Димитри Паје.

После одличните партии за Чеканите Французинот привлече внимание на европските гиганти, но Билиќ во повеќе наврати изјави дека Паје нема да го напушти клубот по никоја цена.

Манчестер знае да биде многу „убедлив“ како еден од финансиски најмоќните клубови на светот, и не треба да се отпишува оваа можност туку така.

Мурињо ги склопува коцките, со Погба и Паје, несомнено би биле незапирливи.