Откриено е колку Кралевите понудиле за Нејмар


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Случајот на трансферот на Нејмар од Сантос во Барселона сеуште не е ни одлибку решен.

Неодамна се објавени податоци кои велат дека Барселона на Сантос уплатија „само“17.1 милиони ера за овој фудбалер, а не 40 милиони како што соопштија од Барселона во тоа време.

Обвинителот Хосе Пералс тврди дека Барселона користела многу незаконски работи со цел да го сокрие целиот износ на трансферот, и порачува дека Реал Мадрид испратил дупло повеќе пари на адреса на Сантос за овој трансфер, но дека се одбиени.

Имено, тој тврди дека Реал тогаш понуди 36 милиони евра што тогаш наводно било помалку од Барселона, но сега е познато дека не е така, веќе дека Кралевите испратиле поголема понуда.

Овој обвинител тврди дека Барса во овој трансфер користела многу работи кои не се во склоп со ФИФА правилникот.

Да потсетиме дека шпанските медиуми пишуваа за тоа дека Барселона ја крие висината на трансферот за Нејмар со цел да платат се помалку данок.

Ова е веројатно еден од најконтроверзните трансфери во новата историја на фудбалот…