Откриено што ѝ направил Перез на Барселона – тоа нема да му го заборават!


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Во најновата епизода на подкастот „Каталуња Радио“ откриено е како претседателот на Реал Мадрид пружил рака за помош на својот најголем и најомразен ривал.

Реал Мадрид и Барселона се заколнати непријатели и тоа трае веќе децении наназад, со тоа што по „случајот Негреира“ односот се влошил. Барсeлона е во тој случај обвинета за корупција.

Истражувањето кое шпанското обвинителство со месеци го водеше околу сомнежите дека Барселона цели 17 години го поткупувала поранешниот потпретседател на Судиската комисија на Примера Хозе Марија Енрикез Негреира завршено е со обвинение за мито и корупција.

Истражувањето утврдило дека Негреира стекнал богатство од 7,5 милиони евра правејќи различни отстапки за Барселона при делегирање на судии, лобирање кај самите арбитри, олеснување на суспензии и други казни, нудејќи контакти и организирајќи разни тајни состаноци во корист на еден од најголемите европски клубови.

Во Реал Мадрид биле огорчени од тоа сознание, дури сметаат дека Барса на сличен начин се обидува да ги спречи и оваа сезона во борба за титула, па честопати се појавуваат обвинувања кон Каталонија.

Сепак, сето тоа не го спречило претседателот на Реал, Флорентино Перес, да му помогне на својот голем ривал. Се наведува дека тој сè уште има срдачен и чест контакт со првиот човек на Барса, Жоан Лапорта, и дека му помогнал во некои комплицирани проблеми.

Според новинарот Бернат Солер, Флорентино ѝ помогнал на Барселона да го регистрира Дани Олмо. Истата информација објаснува дека и Хавиер Тебас, претседателот на Лигата, и други високи функционери на ЛФП, тврдат дека претседателот на Реал го повикал претседателот на ЦСД, Хозе Мануел Родригез Урбес, барајќи од нив да издадат решение за предострожност за Олмо.

Се верува дека тој повик на крајот ѝ помогнал на Барселона да го регистрира играчот кој летото пристигнал од Лајпциг. Сепак, тоа не била единствената услуга која Флорентино ја направил за Барса во овој втор мандат на Жоан Лапорта.

Тие работи обично биле држени во тајност, но Перез навистина бил корисен за Барселона и Лапорта, иако често пати се добива впечатокот во јавноста дека еден со другиот „не можат да се поднесат“.