„Отсуството од Лигата на шампионите може да ги зголеми шансите во борбата за титулата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси Антонио Конте рече денеска дека отсуствот од Лигата на шампионите на лондонскиот клуб може да му ги зголеми шансите во борбата за освојување на титулата во Премиер лигата во оваа сезона.

Челси во минатата сезона ја бранеше титулата, но го освои 10 место во шампионатот.

Во минатиот декември тренерот Жозе Мурињо доби отказ поради лошите резултати, а во вториот дел од сезоната екипата ја предводеше Гус Хидинк.

Конте во ова лето го превзеде Челси, после Европското првеснтво во Франција, каде што како селектор ја предводеше Италија до четвртфиналето.

„Не играме во Лигата на шампионите и тоа може да биде шанса, поради тоа што ќе можам повеќе да работам со моите играчи. Ак оме прашате дали повеќе сакам такви ситуации, ќе ви речам дека не сакам, поради тоа што Челси мора да биде во тоа натпреварување“, рече Конте за “Ivning Standard”.

Тој додаде дека Лигата на шампионите е посебно натпреварување и дека Челси сака секоја година да биде учесник.

„Но, поради тоа што не учествуваме, имаме цела недела за тренинг со моите играчи и тоа ми дава шанса да работам со нив повеќе отколку што можеле тренерите на Челси во минатите години“, наведе Конте.

Натпреварувањето во Премиер лигата Челси ќе го почне на 15 август на Стенфорд Бриџ против Вест Хем.