Отворено се изјаснил што мисли за соиграчите и остана без клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Авантурата на Стевен Нзонзи во Турција завршува на неславен начин. После се овие неколку месеци францускиот играч за врска е приморан да го напушти Галатасарај.

Нзонзи е отстранет од првиот тим и веќе е на продажба од страна на гигантот од Истанбул. Причина за тоа се неговите критики кон соиграчите.

Искусниот играч за врска изјавил дека движењето на неговите соиграчи во фаза на напад е многу лошо односно дека нема на кого да додаде топка.

“Нема играч на кого да додадам или некој кој бара додавање или е на позиција да прими топка”, рекол Нзонзи и продолжил:

“Проблем на оваа екипа не се играчите пред одбраната, туку оние кои играат во нападот. Без оглед кој игра, проблемот секогаш ќе биде ист”.

Нзонзи многу е веројатно дека ќе се врати во Рома уште во јануари, каде ќе очекува нова позајмица. За него се заинтересирани Евертон и Лион.

Инаку, Галатасарај во групата на Лига на шампионите заврши на последно место, додека во турското првенство е на 7. место и заостанува 10 бодови позади лидерот Сиваспор.