Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роберт Левандовски е еден од најдобрите голтетери на светот во последните десет години.
Полјакот дојде на голема сцена во дресот на Борусија Дортмунд, а точно пред седум години, тој одигра фантастичен натпревар за овој германски гигант и го потопи Реал Мадрид со четири гола.
Лева беше незапирлив за одбраната на Реал. На крајот, тој постигна четири гола во победата од 4:1 во полуфиналето на ЛШ, а со малку поголема прецизност, можеше да постигне уште неколку.
Трошка надеж за Реал пред реваншот во Мадрид донесе Кристијано Роналдо кој погоди за 1-1 во 43-та минута, но Реал беше целосно декласиран од прекрасниот Полјак.
Екипата на Жозе Мурињо успеа да победи со 2-0 со головите на Бензема и Рамос седум дена подоцна, но првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите и четири гола на Левандовски ќе бидат засекогаш запаметени.
Иако имаше фантастичен настап една сезона порано и се знаеше дека е одличен стрелец, овој натпревар откри дека Лева е вистинска машина за голови.