Ова не се гледа често: Турски клуб донираше играчи на Фенербахче и Галатасарај


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на турскиот Касимпаша се одлучи за навистина неверојатен потег.

Цинер груп, која е сопственик на клубот, реши да им помогне на турските гиганти Фенербахче и Галатасарај и донираше по еден играч на овие тимови.

Така Фенер го доби напаѓачот Мама Тијам потполно бесплатно, додека Галатасарај доби голман Фатих Озтурк, исто така потполно бесплатно.

Од оваа корпорација не заборавија ниту на Бешикташ. Бидејќи тие ги поседуваат двете најголеми телевизиски компании во Турција, на овие телевзии им е потполно бесплатно рекламирањето.

Навистина е реткост вакво нешто да се случи во светот на фудбалот, но групата Цинер е нешто посебно затоа што тие веќе потрошиле повеќе од 150 милиони долари за да му помогнат на турскиот фудбал.