Оваа фотографија создава само дополнителен гнев од фановите на Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Трката во Ла Лига заврши синоќа кога Реал Мадрид го совлада Виљареал со 2:1, па дури и да не беше тоа, тој ќе беше прогласен за шампион, бидејќи очајната Барселона загуби на домашен терен од Осасуна со 2:1.

Барселона остана без титулата пред крајот на шампионатот, но проблемите не исчезнаа. Иако Кике Сетиен се теши што Лигата на шампионите сепак може да се освои, ситуацијата на Ноу Камп е очајна и играчите се депресивни, никој нема повеќе мотиви, сивите облаци се кренаа и само прашање е дали Каталонците ќе излезат уште посилни или ќе дозволат за Реал да преземе целосна иницијатива.

Дека нешто „смрди“ во Барселона се виде синоќа, кога помошниот тренер Едер Сарабија веднаш по натпреварот го напушти стадионот со ранец, иако вообичаено е да се чека прес-конференција, да се биде со Сетиен и остатокот од стручниот штаб, но овој пат немаше волја да остане дури и една минута на стадионот.

Додека го напушташе стадионот, Лионел Меси даде изјава за теренот што беше донекаде упатена кон Сетиен, а Сетиен даде изјава што го направи исмејуван од навивачите на Барселона.

“Среќен сум за многу работи. Имаме многу напредок од кога дојдов во клубот, но тоа не беше доволно за да ја освојам Ла Лига. Сепак, ова е спорт и работите често не одат како што планиравте”, рече тој.

Барса сепак има шанса да ја освои Лига на шампионите, но со оваа игра и под ова водство, проаѓањето против Наполи сега изгледа далечно. Да потсетиме дека Барса загуби со 1-0 од Наполи во првиот натпревар што се играше пред пандемијата на коронавирус.