Овен ја предвидел кризата на Манчестер сити, ама никој не го сфаќал сериозно!


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Актуелниот четирикратен шампион на Англија, Манчестер Сити, се соочува со најголемата криза во својата понова историја, а тренерот Пеп Гвардиола минува низ еден од најпредизвикувачките периоди во својата кариера. Тимот, кој доминираше во англискиот фудбал последниве сезони, доживеа девет порази во последните 12 натпревари, што е шокантен резултат за еден од најсилните клубови во светот.

По 17 одиграни кола во тековната сезона на Премиер лигата, Манчестер Сити е само на седмото место, со 12 бодови помалку од водечкиот Ливерпул, кој исто така има одиграно еден натпревар помалку. Наместо борба за нова титула, тимот сега е фокусиран на обезбедување место во Лигата на шампионите, кое моментално му бега за четири бодови.

Ситуацијата е уште посложена во Лигата на шампионите, каде што, две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната, Сити се наоѓа на 22. место – само две позиции од зоната за елиминација. Овој драматичен пад никој не го очекуваше, освен еден човек – легендарниот англиски напаѓач Мајкл Овен.

Во август оваа година, само неколку недели по триумфот на Манчестер Сити со нивната четврта последователна титула, Овен предвиде дека шампионите ќе се соочат со тешкотии и можеби нема да завршат меѓу најдобрите четири тимови во лигата. „Оваа година мислам дека Сити ќе има проблеми. Арсенал ќе заврши прв, Ливерпул втор, Астон Вила трет, а Сити четврти. Секоја доминација мора некогаш да заврши,“ изјави Овен.