Падна договор, го имаме најголемиот трансфер во историјата на фудбалот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ќе плати вкупно 130 милиони евра, од кои 110 милиони одат кај Јувентус.

Многу се пишуваше за трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед, а како што последните информации кажуваат тој може да се официјализира во наредните 48 часови. Тоа го тврдат италијанските и англиските медиуми.

Деталите се следни – Јувентус ќе искешира 130 милиони евра, од кои 110 милиони одат кај Јувентус. Преостанатите 20 милиони ќе ги добие Мино Раиола. Погба ќе потпише договор на пет години, со годишна плата од 13 милиони евра а со бонуси ќе оди и до 20 милиони евра годишно.

Дека е речиси се готово покажува  и сликата што Пол Погба на Инстаграм ја објави каде што се гледа тој покрај автомобил во црвено-бела варијанта (боите на Јувентус), а само капата и патиките беа обоени во црено (боите на Манчестер).

Погба е пред крајот на патот да стане Црвен ѓавол, а ние ќе го добиеме најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.