Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ернесто Валверде ќе се врати како тренер по шест месеци.
Искусниот стратег е „слободен“ откако беше отпуштен во Барселона, а по кратката пауза има можност повторно да работи во ЛаЛига, поточно во Валенсија.
Во претходните денови, Валверде и неговиот асистент долго време преговараа со раководството на ’лилјаците’, а фактот дека овој клуб веќе се раздели со поранешниот стратег Алберто Целадес, сведочи за фактот дека сè води до преземање на Валенсија.
Ова исто така требаше да се очекува со оглед дека Валенсија се наоѓа во голема криза по паузата, а клубот смета дека Валверде е најдобрата опција да ги врати на патеките на старата слава.
Името на Валверде е високо ценето во шпанскиот фудбал. Тој има освоено две последователни титули со Барселона, заедно со Копа дел Реј и Шпанскиот Супер куп, а претходно работеше со голем успех на Атлетик Билбао и Олимпијакос.
Медиумите во Шпанија се убедени дека станува збор само за денови кога Валверде ќе биде назначен за тренер на Валенсија, што, да потсетиме, е само на осмата позиција во ЛаЛига.