Пандев помогнал Елмас да се врати во италијанскиот фудбал


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Eлиф Елмас по својата преселба во Торино, за првпат зборуваше на клупскиот сајт, каде го откри значајниот придонес на Горан Пандев во неговото враќање во Италија.

После добивањето на понудата од Торино, Елмас се консултирал со Пандев кој го советувал да прифати и да потпише бидејќи тоа е добар потег.

„Дојдов во клуб со прекрасни навивачи и голема историја. Понудата веднаш ја прифатив, разговарав со Горан Пандев кој ми кажа дека треба брзо да потпишам. Му благодарам на него и градот што ме примија тука. На располагање сум на тренерот Ваноли за предизвиците кои следат. Неговата страст ја почувствував од првиот момент тука. Во тимот владее одлична атмосфера и верувам во добри резултати“, изјави Елмас.