Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марко Асенсио е добивката на Реал на припремите.
Можеби Зидан не доби ниту еден фудбалер во летниот преоден рок бидејќи Алваро Мората беше откупен само за да биде продаден, но францускиот тренер на припремите доби засилување од резервите – во прв план скокна Марко Асенсио.
Реал досега има одиграни два пријателски натпревари, против ПСЖ и Челси, а на нив Зидан му даде шанса на фудбалерите кои што се во втор план. Многу фудбалери од клупата имаа голема минутажа на тие натпревари, а шансата најдобро ја искористи 20-годишниот офанзивец, Марко Асенсио.
Асенсио во Реал стигна пред една година за 3.5 милиони евра од Мајорка, а минатата сезона ја помина на позајмица во Еспањол каде играше одлично. Пред почетокот на припремите на кралскиот клуб му понудија уште една позајмица, но тој ја одби и одлучи да се бори за место во составот.
АС соопшти дека Зидан сериозно смета на Асенсио за следната сезона и дека во клубот размислуваат што ќе прават со останатите конкуренти за десетката. Тука се Хамес и Иско, а без разлика на големиот број на натпревари кои ги игра Реал место за тројца нема. Но, Зидан тука е во проблеми. Тој ќе го остави Иско, но Флорентино Перез го сака Хамес. Зидан брзо ќе го продаде колумбиецот, но претседателот на Реал тоа не го дозволува, а ниту самиот Хамес не е расположен за заминување.