Пеле прави трансфер на кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач, Грацијано Пеле ова лето би можел да направи трансфер на кариерата.

30-годишниот напаѓач следната сезона би можел да го облече дресот на Јувентус.

Старата дама го гледа како идеална замена за Алваро Мората кој неодамна се врати во Реал Мадрид.

Пеле моментално е фудбалер на Саутемптон, а долго се зборува дека напаѓачот би можел да се врати во Италија.

Пред Светците, Италијанецот го носеше дресот на Феенорд и АЗ во Холандија, а во Италија има играно за Парма, Сампдорија, Катанија, Чезена, Кротоне и Лече.

Цената на овој фудбалер е 11 милиони евра и не претставува проблем за бјанконерите.