Пелистер има ново правило: Сончогледот забранет на битолскиот стадион


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Овој викенд фудбалот повторно се враќа на македонските терени со пролетниот дел од сезоната. Меѓутоа, пред почетокот на натпреварот, вниманието го заинтригира објавата на Пелистер, кој ќе игра дома против Брера.

Од Пелистер соопштија дека заедно со Фудбалската федерација на Македонија, решиле да има забрана за внесување на сончоглед и шишиња на трибините.

Соопштението на клубот гласи: „Во договор со ФФМ, одлучено е дека нема да биде дозволено влез со било каков тип на шишиња, како и влез со сончоглед, семки и сл.“

.