Пелистер прати двајца фудбалери на позајмица во второлигаш


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младите фудбалери на Пелистер, Александар Недановски и Јованчо Трајковски во новата сезона ќе играат во Новаци како позајмени фудбалери.

Фудбалерите од средниот ред паднаа во втор план по зголемената конкуренција откако битолскиот клуб доведе 15 нови фудбалери.

Шанса за минутажа и докажување ќе имаат во второлигашот Новаци и остана да се надеваат дека со добрите игри во дресот на Новаци ќе се изборат за враќање во матичниот клуб.