Пеп ја заврши работата со Германец, кој е следен?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шалке нема каде да оди, во следната година цената ќе биде помала. Кој е следен?

Лерој Сане практично е играч на Сити. Тој веќе ги договори своите услови, а сега се очекува Шалке да ја прифати понудата.

Таа ќе биде нешто поголема од 50 милиони евра и не постои шанса Германците да ја одбијат.

Причина?

Ако остане во наредната сезона во Шалке, на сцена стапува клаузулата од околу 37 милиони евра, па јасно е дека нема да ризикуваат за во наредното лето да земат нешто помалку пари.

Англиските медиуми тврдат дека германскиот репрезентативец после поразот во полуфиналето на ЕП отиде на одмор и дека се наоѓа во Лос Анџелес каде што го чека исходот од преговорите.
После него „Граѓаните“ би требало да го финализираат доведувањето на Колумбиецот Маркос Морено.

Напаѓачот на Атлетико Насионал ќе биде платен околу 10 милиони евра, но поради тоа што конкуренцијата е силна, во наредната сезона ќе ја помине на позајмица во Шпанија. Се споменуваат неколку клубови, но приоритет е да игра и да се навикнува на Европа.

Има 19 години, а веќе собра 7 настапи за селекцијата на Колумбија. Се работи за брз крилен напаѓач, сигурно за неколку години може да биде од голема корист, скаутите сметаат дека Сити заврши голема работа со неговото доведување и дека во иднина ќе вреди многу повеќе.