Пет голови, Реал подобар од Челси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид на Интернационалниот куп во Северна Америка вечерва го совлада Челси со 3:2 пред околу 105 илјади гледачи.

Реал Мадрид во подготвителен натпревар го совлада Челси со резултат 3:2 на Интернационалниот куп во Северна Америка.

„Галактикосите“ денеска на терен излегоа баш во комбиниран состав, ги немаше најголемите ѕвезди во тимот, но без оглед на тоа успееја да слават против премиерлигашката екипа Челси (3:2 (3:0).

Од друга страна, Челси играше во многу силен состав.

Се играше 19 минута, после соло акцијата Марсело успеа да го совлада Асмир Беговиќ со одличен удар за 1:0.

Само 7 минути подоцна, истиот играч на асистенција на Асенсио постигна уште ден гол после продорот низ казнетиот простор на Челси, а во 37 минута веше беше 3:0.

Дијаз беше стрелец, го видовме најубавиот момент на натпреварот поради тоа што постигна гол од неверојатен удар од 25-30 метри, а и кај овој гол учествуваше Марсело кој му ја додаде топката на Дијаз.

Се чини дека во второто полувреме немаше простор за игра, меѓу останатото, и од пречестите замени кои ги вршеа тренерите.

Во игра влегуваа и млади играчи, го видовме и Енцо Зидан, синот на тренерот на Реал Мадрид.

Резултатот остана непроменет се до 81 минута кога Еден Азар успеа да постигна гол и да намали на 3:1.

Можеше Челси да стигне до 3:2, но Бачуаји многу лошо реагираше во изгледна ситуација, па остана 3:;1. Само на кратко, Еден Азар успеа да постигне уште еден гол до крајот и тоа на сличен начин како и кај првиот за 3:2 , со што го постави конечниот резултат.