Петручи и Рединг остануваат во Дукати


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Прамак Дукати и следната сезона ќе го има истиот тим бидејќи за нив ќе возат Скот Рединг и Данило Петручи.

Но, она што исто така е потврдено е дека Петручи преговара со Сузуки за потенцијален трансфер во 2018-та.

„Тие ќе бидат тука, но не знам каква машина ќе имат. Мило ми е што ќе ја продолжиме соработката, мислам дека атмосферата ќе биде подобра кога и Хорхе Лоренцо ќе стигне“, изјави Гуидоти, претседателот на Дукати.

Следната сезона ќе бидат 23 возачи, а од 2018-та сите се надеваат дека ќе има 24 возачи.