Пјаца се враќа во Јувентус?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пјаца би можел да се врати во екипата на Јувентус откако неговиот агент денес се сретнал со спортскиот директор на Јувентус, Фабио Патрицио.

Како што тврди Спортиталија, Јувентус сака да ја оживи кариерата на Пјаца откако Хрватот го изгуби стартното место во Фиорентина. После доаѓањето на Миралас, Пјаца е во втор план и не се наигра премногу.

Фали Рамадани, агентот на Пјаца разговарал со Патрицио за најдобра опција за продолжување на кариерата на неговиот играч.

Една од опциите е како што тврдат странските медиуми негово заминување на позајмица во Фулам со опција за откуп на крајот од сезоната за 20 милиони евра.