Пјаниќ ја откри причината поради што премина во Јувентус


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Миралем Пјаниќ во разговор за италијанските медиуми откри поради што отиде во Јувентус.

Пјаниќ после пет сезони поминати во редовите на Рома се одлучи да ја прифати понудата на Јувентус со кој потпиша петгодишен договор, а за реализира на трансфер во торинскиот клуб мораше на име оштета да плати 32 милиони евра.

„Јас сум гладен за трофеи. Низ кариерата постепено напредував, чекор по чекор и никогаш не сакав преку ноќ да направам нешто големо. Сега беше вистински момент да преминам во еден голем клуб како што е Јувентус“, рече Пјаниќ за Меркато365 и потоа продолжи:

„Целта ми е да победувам со Јувентус, да освојувам трофеи…Јас не чувствувам притисок тоа што е голем клуб со европски амбиции. Свесен сум колку големи играчи поминаа низ овој клуб, како Пирло, Зидан, Платини. Тие беа инзвонредни во своето време“.

Пјаниќ истакна дека целта му е да ја оправда довербата на челниците на клубот.

„Сега најважно е да ја оправдам довербата на луѓето кои се трудеа да ме ангажираат. Како фудбалер сум во најдобрите години и се надевам дека во Јувентус можам дополнително да напредувам“, додаде Пјаниќ.

Пјаниќ пред Рома играше за Лион и Мец.