Планот на Мурињо – Пакет за Србин, богатство за Италијанец бидејќи се почнува од одбраната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јасно е дека Португалецот најмногу пари ќе потроши за да прими еден погодок помалку.

Единствениот сигурен во одбраната е Де Хеа. Стигна Бејли, Португалецот му кажа на Смолинг дека ќе биде во втор план, а командантот на одбраната ќе биде Леонардо Бонучи. Него го сакаше и Ван Гал минатото лето, но Јуве тогаш одби да преговара, сега истакнаа цена за својот дефанзивец, 55 милиони евра.

Се шпекулира дека Мурињо би можел да понуди 50 на што Јуве би се согласил. Освен Бонучи, Мурињо го сака и Немања Матиќ. Ова не е новост, но заедно со парите би можеле да пратат и некој фудбалер на Стемфорд Бриџ. Наводно сините го сакаат Матео Дармиан. Сигурно дека поранешниот бек на Торино вреди помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Мурињо не е уверен во квалитетите на Блинд, па и Холанѓанецот би можел да биде дел од размена, а се зборува дека и Рохо стравува за неговата позиција и гледа кон Аргентина.