„Погба е среќен во Торино“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на фудбалерот на Јувентус Пол Погба изјави дека неговиот клиент е среќен во торинскиот клуб и дека не брза со премин во Манчестер Јунајтед.

Во последните неколку денови италијанските и англиските медиуми пишуваа за можното враќање на 23-годишниот фудбалер на Олд Трафорд за 120 милиони евра, со што Погба ќе го направи најскап фудбалер на светот.

Французинот со старата дама има договор до 2019 година, а во Торино дојде како слободен играч од Манчестер Јунајтед, пренесува Фудбал Италија.

„Многу се зборува за иднината на Погба. Тој можеби нема да ни да го напушти Јувентус. Не се брза со заминувањето, Јувентус не сака да го пушти. Тој е многу среќен во Јувентус кој сака да ги задржи своите најдобри играчи. Тие се однесуваат кон него одлично и веруваат во него“, рече агентот Мино Раиола за Тајмс.

Генерелниот директор на Јувентус на Џузепе Марота веќе неколку пати повтори дека Старата дама нема да го продаде Погба во ова лето.