Погба во Манчестер ќе заработува екстремно голема сума

Островскиот Express смета дека Пол Погба ќе заработува месечно повеќе од пола милион евра во Манчестер  Јунајтед.

Express донесува нови интересни детали ви врска со Погба и неговиот (сеуште неофицијален) трансфер во Манчестер Јунајтед.

Трансферот на Погба на Олд Трафорд на крајот може да достигне и до сума од 133 милиони евра, а играчот треба да добие петгодишен договор.

А внимавајте на ова – Погба во Јунајтед треба неделно да инкасира 328 илјади евра, со што јасно ќе стане најплатен играч на Островот.

Многумина ќе речат дека тоа е премногу пари и дека Погба не вреди толку, но Жозе Мурињо веќе го нацрта во формацијата на Црвените ѓаволи, кои со сите сили пробуваат да го скршат отпорот на Јувентус и да ја завршат работата.