Погледнете како Роналдо го славеше голот на Винисиус (ВИДЕО)


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


По одложувањето на натпреварот Јувентус – Интер Кристијано Роналдо одлучи да се врати во Мадрид и да го проследи дербито меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Роналдо се врати во Сантијаго Бернабеу за прв пат од неговото заминување за летото 2018 година и на крајот имаше причина да слави.

Кралевите со фантастично издание во второто полувреме дојдоа до заслужена победа во Ел Класико, при што победникот го реши Винисиус Јуниор, кој постигна гол на 20 минути пред крајот.

Голот на младиот Бразилец во една од ВИП ложите на стадионот го прослави Роналдо.

Кога ја виде топката како влезе во голот, фантастичниот Португалец не успеа да ги скрие своите емоции и му аплаудираше на Винисиус за голот.

Роналдо играше во Реал Мадрид од 2009 до 2018 година, со 450 голови и стана најдобар стрелец во историјата на мадридскиот клуб и освои четири титули во Лигата на шампионите. Сето ова е тешко да се заборави и јасно е дека Кралевите имаат посебно место во неговото срце.