Поради Инстаграмот на неговата сопруга: Навивачите на Манчестер Јунајтед се сигурни дека Херера заминува!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Андер Херера сеуште не сака да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед кој истекува на крајот од оваа сезона.

Црвените Ѓаволи неколку пати направија обиди да започнат преговори со шпанскиот везен, но Херера одби да ја продолжи соработката и како што стојат работите на крајот од оваа сезона тој како слободен фудбалер ќе го напушти Олд Трафорд.

Херера оваа сезона беше еден од подобрите играчи во очајната сезона на Црвените Ѓаволи и јасно е поради што сакаат да го задржат на Олд Трафорд. Меѓутоа, Шпанецот очигледно е дека не сака да остане и наводно тој веќе се договорил својата кариера да ја продолжи во дресот на ПСЖ.

Навивачите на Јунајтед се сигурни дека Херера ќе заминува поради тоа што тие ја виделе „My Story“ на Instagram-от на неговата сопруга Изабела Коладо. Таа објавила кратко видео, а позади неа се гледаат хартиени кутии кои се користат за преселување.