Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Поранешниот француски репрезентативец Рафаел Варан се маскирал при посетата на стадионот Боларт-Делеле, каде што го гледал натпреварот помеѓу неговиот матичен Ленс и ПСЖ.
Варан ставил капа и шал во боите на неговиот Ленс за да не биде препознаен на централната трибина на стадионот Боларт-Делеле.
Официјалниот Твитер профил на Ленс објави фотографија од поранешниот француски дефанзивец, по што тој ја сподели на неговиот профил, потврдувајќи дека тој е на фотографијата.
Да потсетиме, Варан кариерата ја започнал во Ленс каде што одигра само 24 натпревари за сениори пред да замине во Реал Мадрид.