Поранешниот лидер на РК Пелистер оди во РК Еурофарм Работник


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наумче Мојсовски се враќа во Битола, но овој пат во РК Еурофарм Работник, откако Сиљан Мицевски некогашен сопственик на РК Пелистер, а сега на РК Еурофарм Работник го доведе во својот тим.

Мојсовски имаше понуди од далечниот Катар и блиската Битола, но Мојсовски се одлучи за својата Битола, каде мина одлични моменти во РК Пелистер уште во почетокот на својата кариера. Мојсовски ќе му се приклучи на својот брат, Златко, а Еурофарм убедливо се засили во овој преоден рок, па се очекува да ја оправдат фаворитската улога во македонската Суперлига.