„Посебниот“ го доведува својот пулен од Челси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Сесар Аспилукуета е голема желба на Жозе Мурињо.

После доведувањето на Ерик Баили од Виљареал, дефанзивната линија на Ѓаволите може да биде посилна и за шпански бек.

Мурињо има на располагање трансфер буџер од 200 милиони фунти и во склоп со плановите му е изгледа доведување на Аспиликуета.

До оваа информација дојде „АС“ но нема информација колку пари Манчестер Јунајтед е спремен да понуди на Челси. Се шпекулира дека таа сума може да биде меѓу 10 и 12 милиони фунти.

Аспи во летото 2012 година стигна на Стенфорд Бриџ од Олимпик од Марсеј, чии бои гри бранеше три сезони, пред тоа играше во матичкиот Осасуна.

26-годишниот дефанзивец наводно не е во плановите на новиот менацер на Сините Антонио Конте и се се погласни шпекулациите дека во ова лето ќе замине од клубот, а освен Мурињо, интерес за него покажаа Атлетик Билбао и Пари Сен Жермен.

Сесар Аспиликуета моментално е со репрезентацијата на Шпанија во Франција, не играше во првиот меч, но доби мала минутажа во вториот против Турција. Досега забележа 15 настапи во дресот нја државниот грб.