Посебниот има специјални методи – Одиш во Франција и директно преговараш со Погба


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фамилијата Глејзер на Жозе Мурињо му даде одврзани раце за остварување на голема работа.

Реал Мадрид во секој момент е спремен да издвои 100 милиони евра и да го задоволи Јувентус за Пол Погба, но плановите би можел да му ги расипе Жозе Мурињо.

Според медиумите на Островот, посебниот одлучил да ги употреби своите посебни методи. Полета за Франција и ќе преговара со репрезентативецот на Франција.

Французинот е импресиониран од амбициите на Мурињо, но од ова нема да биде ништо ако црвените ѓаволи не се спремни да платат колку кралскиот клуб.

Агентот на одличниот фудбалер, Мино Раиола разговараше со раководството на двата клуба, а фамилијата Глејзер му даде одврзани раце на Мурињо за остварување на оваа работа.