Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тимот на Барселона ќе влезе во следната сезона со променет состав.
Така, боите на овој клуб нема да ги носи данскиот интернационалец Ласе Андерсон следната сезона.
По четири години во Барселона следна дестинација му е Германија, поточно тимот на Фуксе Берлин.
Во четирите години што ги помина во Барселона, тој освои дури осумнаесет титули, но исто така заработи повреда на лигаментите на коленото, што го остави надвор од терените 13 месеци.
“Им благодарам на сите соиграчи што ги имав во овие четири години. Задоволство ми беше да ги споделам дресот со вас. Сите се боревме и имавме неверојатни моменти”, изјави Андерсон.