Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓
Младиот шпански фудбалер Брахим Диаз минатиот јануари одлучи да го напушти Манчестер Сити и да дојде во Реал Мадрид.
Овој 20-годишник не ја доби вистинската прилика во дресот на Граѓаните, па со ветувања за првиот тим и сериозна минутажа во своите редови „го намами“ Реал Мадрид.
Меѓутоа, тој е моментално на маргините, а сега Marca пишува дека Реал Мадрид размислува да го продаде Диаз во зимскиот преоден рок.
Треба да се истакне и тоа дека повредите му наштетија на Диаз во последно време. Поголемиот дел од пред-сезоната го пропушти поради повреда на задната ложа додека во август се здоби со нова повреда која го одвои од теренот.
Така и Диаз остана без место во првиот тим, па се појавија гласини дека Реал би го продал за да ги финансира своите нови засилувања.
Сепак, треба да се потсетиме дека Диаз почна да игра во последните пет натпревари во изминатата сезона на Ла Лига и тогаш се веруваше дека го чека одлична иднина во Реал, а наводно и тој самиот сакаше да докаже дека вреди многу.