Посмешен автогол од ова тешко дека ќе видиме некогаш (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во поговорката дека човекот е сам себе си најголем непријател, најдобро се увери голманот на Дефенса кој постигна крајно необјаснив автогол.

Во 18-то коло од аргентинската Суперлига, силите се одмерија Атлетико Тукуман и Дефенса , а натпреварот заврши 1-1.

На самиот почеток на оваа средба бевме сведоци на еден од најбизарниот автогол што некогаш сме го виделе.

Во 8 минута од натпреварот, дефанзивецот Хуан Родригез смирено ја врати топката кон својот чувар, Езекиел Унсаин, кој само од нему познати причини сакаше да го дрибла противникот, па со топката влезе во својот гол. Судијата покажа кон центарот и тоа беше 1-0 за Атлетико.

Гостите имаа повеќе од натпреварот и тоа го крунисаа со голот на седум минути пред крајот на натпреварот кога убав гол постигна Хуан Мартин Лусеро, на кој неговиот голман му должеше барем една вечера.