Познат е новиот клуб на Том Брејди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот квотербек Том Брејди (42) замина по 20 години од Њу Ингланд Пејтриотс, а неговата кариера како играч во НФЛ ќе ја продолжи во Тампа Беј.

Според ЕСПН, Брејди се договорил со Тампа Беј за едногодишен договор од 30 милиони долари и тоа треба да стане официјално наскоро.

Брејди вчера објави дека ги напушта Патриотс каде ги помина изминатите 20 години и каде заработи статус на икона во НФЛ.

Дури шест пати Брејди ги водеше Патриотите до титулата шампион, а во тој период тој беше прогласен за МВП играч три пати и четири пати беше СуперБол МВП.

Новата сезона во НФЛ треба да започне на 10 септември, а сигурно ќе биде доста интересно да се види Брејди во друг дрес.