Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Изгледа дека е готово, конечно одличниот играч за врска ќе заигра во најсилната лига на светот!
Како што тврдат турските медиуми Евертон ја плати клаузулата за Вес Снајдер и искусниот холандски играч за врска ќе се пресели во Англија.
Позади трансферот стои Роналд Куман кој со сонародникот работеше во Ајакс пред многу години.
Снајдер е доведуван во врска со Манчестер Јунајтед, се знае колку го цени Мурињо, но самиот играч тоа го демантираше.
На почетокот на оваа деценија Снајдер под Мурињо во Интер ја освои триплета круна, а истото лето играше и финане на Мундијалот. Можеби тогаш заслужи „Златна топка“, но таа отиде во рацете на Лео Меси, додека Снајдер не беше ни меѓу тројцата, пред него завршија Иниеста и Чави.
Вистина, во минатата година, Холанѓанецот не беше ни блиску до нивото од најдобрата сезона во кариерата, во Интер имаше проблем поради вистината на договорот, се пресели во 2013 година во Галатасарај, одигра стотина мечеви, даде 30 голови.
Со славниот турски клуб освои две титули, три купа и два суперкупови, но се чини дека тоа сепак е преслабо е натпреварување за неговите квалитети.
Сега стигнува повторно меѓу најдобрите и ова ќе биде шанса да покаже колку е добар играч, иако има веќе 32 години.