Пресврт во трансферот на Нани


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер, Луис Нани, игра одлично на Европското првенство во Франција.

Покрај тоа Нани зад себе има одлична сезона во дресот на Фенербахче, па неколку големи клубови покажаа интерес за неговите услуги.

Иако пред неколку дена се појави информација дека Нани ќе премине во Валенсија за седум милиони фунти, сепак дојде до пресврт во ситуацијата. Имено, како што пренесува англиски “Сандеј Мирор”, Нани на крајот од сезоната би можел да заврши во Премиер лигата.

Според некои информации, за услугите на Португалецот заинтересиран е тимот на Стоук, екипа која веќе наводно испратила понуда до турскиот клуб.