Претседателот на ФФМ имаше состанок со министерот Борко Ристовски


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија, имаше состанок со Министерот за спорт, Борко Ристовски во „Куќата на фудбалот“.

На средбата, иницијативата за промоција и развој на фудбалот и спортот во целост беше главната тема на разговор меѓу претседателот и Министерот за спорт.

Дискусијата, на која присуствуваше и ген-сек на ФФМ, Дрилон Ганиу, беше насочена кон распределба на буџетските средства за спорт, подобрување на инфраструктурата и инвестирање во грасрут и национални натпреварувања.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, ја повтори својата заложба за поддршка на фудбалот и изрази желба за партнерство со ФФМ, истакнувајќи дека напорите за развој се синхронизирани со националните спортски политики.

Во разговорите се опфатија идеи за унапредување на инфраструктурата на стадионите, подобрување на тренинг центрите и поддршка на младите селекции.

И двајцата, министерот и претседателот на федерацијата, ја подвлекоа важноста на соработката за општото добро, согласувајќи се со предлогот за фер распределба на средствата за клубовите кои ги исполнуваат критериумите за финансиска поддршка.

На средбата се разговараше и за домашната лига, привлекување на инвестиции и подобрување на квалитетот на фудбалот. Колаборацијата помеѓу локалната самоуправа, клубовите и Министерството за спорт е основен фактор за развој на натпреварувањата и модернизација на инфраструктурата.