Претседателот на Гостивар донира милион денари за настраданите во трагедијата во Кочани


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


ФК Гостивар и Слога Виница се собраа вчера за да одиграат хуманитарен меч во чест на жртвите од трагичниот настан во Кочани.

Натпреварот започна со минута тишина, а сите средства од влезниците и донациите од присутните ќе бидат наменети за семејствата што ги загубија своите најблиски во оваа трагедија.

Пред средбата, сопственикот на Гостивар донираше милион денари како помош за тие семејства.

Емотивен момент се случи во 59. минута, кога судијата го прекина мечот за да се оддаде почит на 59. жртви кои трагично ги загубија животите во дискотеката „Пулс“.