Проблеми за Барса: Германецот ја пропушта Севиља


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона во овој викенд го играат првиот меч од Суперкупот на Шпанија против Севиља.

Каталонската екипа со овој двомеч ќе ја отвори новата сезона, но Луис Енрике веќе има проблеми со повредени играчи.

Имено, првиот меч против Севиља најверојатно ќе го пропушти Марк Андре Тер Штеген кој се повреди вчера на тренинг.

Познато е дека Тер Штеген ги бранеше куп натпреварите, но овој пат ќе го пропушти мечот против Севиља бидејќи на тренинг ги повреди лигаментите на коленото.

Сеуште не е познато колку германскиот голман ќе отсуствува од терените.

Според шпекулациите на шпанските медиуми Тер Штеген на теренот ќе се врати за шест недели.

Барселона мечот против Севиља го игра во недела.