Проблемите на Рома изгледа дека не завршуваат

Една од причините за лошата форма во 2020 година Рома може да ја бараат во голем број повредени играчи.

Нов играч на повредената листа е Лоренцо Пелегрини. Играчот од средниот ред беше заменет во финишот од првиот дел од натпреварот против Лече, поради проблем со мускулот на левата нога.

Италијанскиот репрезентативец вчера направи лекарски преглед и го напушти тренинг-кампот Тригори, што значи дека болката не е целосно исчезната.

Пелегрини ќе направи магнетна резонанца денес и се очекува да паузира помеѓу еден месец и 40 дена. Тој сигурно ќе ги пропушти средбите против Гент и Каљари.

Претходно, во Рома се повредени голманот Антонио Миранте, дефанзивците Давид Запакоста и средните играчи Амаду Дијавара, Николо Заниоло и Хавиер Пасторе.