Проклетата борба откажана по петти пат: Бизарни работи се случуваат со Кабиб и Тони


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Борбата меѓу Kабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон беше откажана по петти пат.

Вчера Кабиб изјави дека одбива да се бори додека во светот владее пандемија на коронавирус и по петти пат борбата со Фергусон не успеа.

Не е ни чудо што сите ја нарекуваат проклета борба. Во изминатите пет години, тие имаа уште четири одложувања, од кои сите започнаа во декември 2015. година.

Борба бр. 1, декември 2015. година
Кабиб и Тони требаше да се соочат во финалето на Ултимејт Фајтер. Тогаш „Игл“ беше рангиран на третото место во лесната категорија, Фергусон на осмото место и двајцата бараа шанса да го предизвикаат тогашниот бранител шампион Рафаел дос Анјос.
Но, среќата на Кабибу му го сврте грбот. Тој скрши ребра на тренинзите и борбата беше откажана. Фергусон се бореше со Едсон Барбоза и го победи Д’Арце со давење.

Борба бр. 2, април 2016. година
Новиот меч беше закажан за 16. април 2016. година. Сепак, овој пат Фергусон мораше да ја откаже тепачката поради здравјето. Имаше згрутчување во белите дробови и не можеше да влезе во рингот. Лекарите го советувале да не се шегува и дека евентуалниот меч може да создаде огромни здравствени проблеми за него во иднина.

Борба бр. 3. март 2017. година
Претседателот на УФЦ Дана Вајт реши во март 2017. година Кабиб и Тони да се борат за привремен шампион, откако Конор МекГрегор одлучи да оди во бокс меч со Флојд Мејведер.

Сепак, Кабиб се разболе додека губеше тежина. Тој заврши во болницата и лекарите му го спасија животот. Се разбира, немаше борба, а Фергусон го прозиваше Кабиб дека се откажал бидејќи го видел како јаде тирамису неколку дена пред борбата.

Борба бр. 4. април 2018. година
Пред точно две години борбата беше многу близу до реализација. Повторно, требаше да биде борба за титулата во лесна категорија и сè беше подготвено за пресметката во Бруклин.

Сепак, се случи неверојатна повреда кај Фергусон. На снимањето на шоу на Фергусон му се сплеткале кабли, па скинал лигаменти на коленото.

Кабиб остана во мечот. Тој доби замена во ликот на Макс Холовеј, но се откажа и еден ден пред борбата поради проблем со тежината. Следеше фантастичниот и тврд Ал Иакинта, издржа пет рунди со Кабиб, но лесната категорија во дагестанскиот лик доби нов крал.

Борба бр. 5. април 2020. година
Петтата пресметка сега е откажана. Кабиб едноставно не сакаше да се бори додека во светот владее пандемијата на коронавирусот, па тој едноставно реши да се обрати пред јавноста и да ја откаже борбата.