Процент + провизија+ бруто заработка = 32 милиони евра! Убаво е да бидеш менаџер на Пол Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатна заработка на Мино Раиола од трансферот на играчот за врска на Јувентус во Манчестер Јунајтед.

Се повеќе се медиуми на Островот и Апенините кои тврдат дека е постигнат договор меѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус околу продажба на Пол Погба, иако таа информација пред сите ја пушти добро упатениот француски „Л`Екип“.

Како било, договорена е оштета од 120 милиони евра за фантастичниот француски играч за врска, но таа нема во целост да припадне на торинската Стара дама. Одреден дел од тој грандициозен колач ќе отиде на сметката на менаџерот на Пол Погба Мино Раиола.

На Италијанскиот менаџер ќе припадне четвртина од вкупната сума на пари или ако ви е полесно – цели 32 милиони евра!

Телевизијата Скај Италија откри дека во таа сума е внесена сума од 15 проценти од вкупниот трансфер, на име провизија ќе искешира уште 10 милиони евра, додека 4.5 милиони ќе добие како дел од бруто заработка.