Прво Цеца, па потоа Северина: Еве како се загреваше Дончиќ (Видео)


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Лука Дончиќ го одигра првиот меч против Далас маверикс, клуб во кој ја започна својата НБА-кариера и во кој стана миленик на навивачите. Словенечката суперѕвезда од НБА лигата го заврши натпреварот со 19 поени, 15 скока, 12 асистенции, три блокади и две освоени топки, а Лејкерс победија со 107:99.

Целото внимание беше насочено кон тоа како Дончиќ ќе се однесува со Нико Херисон, генерален менаџер на Далас и човекот кој одлучи да го трејдува. На интернет се појави видео каде што Дончиќ на загревањето прави склекови пред очите на Харисон, што беше протолкувано како одговор на шпекулациите дека Далас го размениле затоа што го сметале за неподготвен и дебел. Фановите од овие краишта забележаа дека во салата во тоа време свиреше песна од српската турбо-фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, но Дончиќ ја слушал и Северина.