Работнички ангажираше поранешен играч на Шкендија


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Работнички денес соопшти дека е засилен со искусниот Валон Ахмеди, кој претходно играше за Шкендија.

Како големо освежување за тимот од Дебар Мало, кој има за цел да се бори за титулата во втората половина од сезоната, пристигнува 30-годишниот играч од средината кој исто така е способен да игра и на крилните позиции.

По завршувањето на првиот дел од сезоната, Работнички е на исто ниво со Силекс и Шкендија, сите со по 37 бода.

Покрај настапот за Шкендија, Ахмеди има играно и за Судтирол, Целје, Марибор, Кирјат Шмона, Интер Запрешиќ и Шахтер Солигорск.