Работнички нов лидер, Вардар славеше против Победа, Пелистер два пати испушти водство


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес се одиграа четири натпревари од македонската прва лига.

Силекс на гости славеше против Брегалница со 0:2. Недељковиќ во 67-ма минута од пенал погоди за водство на кратовци. Следуваше црвен картон за Силекс, а го заработи Џонов. Конечните 0:2 ги постави Тимовски во 91-ва минута.

Пелистер испушти два пати водство против Македонија Ѓорче Петров. Прво Љамчевски ја затресе мрежата на скопскиот клуб во 25-та минута. Цветановски на 3 минути до крајот на првото полувреме израмни. Само 1 минута по влегувањето на Лукас, бразилецот го постигна вториот погодок за Пелистер во 55-та минута. Цветановски со својот втор погодок на натпреварот во 57-ма минута ги постави конечните 2:2.

Победа го пречека Вардар во Битола и го запиша третиот пораз по ред. Актуелниот шампион минимално славеше против прилепска Победа со 0:1. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Којашевиќ во 40-та минута.

Со минималната победа против Ренова, Работнички е нов лидер на табелата. Во 48-ма минута Маркоски му донесе победа на Работнички од 1:0.