Раиола ги воодушеви навивачите на Јунајтед: Ако му се допаѓа проектот, тој доаѓа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиски Мирор пренесе изјава на менаџерот на Пол Погба Мино Раиола за потенцијалниот трансфер во клувот од Олд Трафорд.

Трансферот на Погба во Манчестер Јунајтед е најпопуларна тема во фудбалските медиуми во последните денови, а “масло во огнот“ додаде агентот на Мино Раиола кој потврди дека постојат шанси за Погба да се пресели на Олд Трафорд.

„Во минатата година постоеше понуда од Челси, но Јувентус не ја прифати. Сега се зборува за нешто подруго. Извршувам разговори секој ден и секогаш знам на што сме. Јувентус не сака да го продаде Погба, но доколку му се допадне новиот проект на Манчестер Јунајтед, тој со драга воља ќе го напушти сегашниоот клуб“, рече Раиола за Мирор.

Да потсетиме, Манчестер Јунајтед веќе во ова лето ги доведе Златан Ибрахимовиќ, Хенрик Михтаријан и Ерик Бајли.