Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико и Барселона одиграа фантастичен натпревар и чудо е како видовме само еден гол.
Одлучувачкиот момент се случи во 86. минута кога на сцена стапи одличниот Лео Меси кој го постигна единствениот гол на натпреварот и така и донесе победа на Барса.
Од првата минута по втор пат заигра и хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ кој полека се враќа во тимот. Барса сакаше летово да го продаде Ракитиќ, а откако остана Валверде го пресели на клупата.
Иако веројатно веќе во јануари ќе ја напушти Барса, овој везен се врати во првиот тим и покажа уште еднаш дека таму му е местото. По натрпеварот тој порача дека не знае што ќе се случи со него во јануари, но јасно даде до знаење дека сака да остане во Барселона.
„Не знам што ќе се случи со мене, но не постои подобар клуб од Барселона. Сакам да го давам максимумот на секој натпревар, а доколку имам прилика да го правам тоа во Барселона тогаш уште подобро. Сакам да уживам и да играм што повеќе и да им покажам на сите дека можат да сметаат на мене“, изјави Ракитиќ и додаде.
„Не ја разбирам својата ситуација, но некои работи во животот едноставно морате да ги прифатите, а не да ги разберете. Би сакал оваа ситуација да заврши во моја корист. Навистина повторно уживам во тренинзите, чуствувам дека имам поддрша од своите соиграчи“