Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ оваа сезона неочекувано падна во втор план во Барселона откако дојде Ернесто Валверде.
Ракитиќ во Барселона стигна на лето во 2014. година од Севиља и тогаш беше еден од стандардните играчи во првиот тим на каталонскиот клуб. Но, тоа се смени оваа сезона кога Валверде одлучи Ракитиќ да го пресели на клупата.
Хрватскиот репрезентативец има одиграно седум натпревари во Ла Лига и има запишано само една асистенција, но поголемиот дел од времето го игра по средината на второто полувреме. Ракитиќ и сам призна дека не е задоволен со ситуацијата во тимот и дека размислува да го напушти клубот.
На навивачите на Барселона не им се допаѓа како Валверде се однесува спрема Ракитиќ кој со години беше важен дел од тимот. На Валверде очигледно е дека ни резултатите не му одат по планираното и на никој не му е јасно зошто одеднаш така ја промени ситуацијата и односот со Ракитиќ.
Mundo Deportivo утринава објави интересен податок кој покажува колку Ракитиќ е оставен во втор план. Имено, тој има одиграно 197 минути во досегашниот дел од Ла Лига што е само десет минути повеќе од Рафиња кој уште пред два месеци го напушти клубот.
Рафиња пред заминување на позајмица во Селта Виго одигра 287 минути во Ла Лига, а Ракитиќ го пристигна дури овој викенд со настапот на мечот против Леванте во кој Барселона доживеа шокантен пораз(3:1).