Раководството на Барселона имал разговори со Гризман: Тој доби јасна порака!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Антоан Гризман не покажа многу во својата прва сезона во дресот на Барселона.

Францускиот напаѓач пристигна како големо засилување, но само на моменти покажа зошто каталонскиот клуб издвои 120 милиони евра за него.

Во последно време се зборуваше многу за можното заминување на 29-годишниот Французин. Тој се поврза со голем број клубови, но нема да има ништо од тоа.

Гризман и неговите менаџери вчера остварија средба со управата на Барселона предводена од Ерик Абидал. На крајот на краиштата, францускиот фудбалер беше убеден дека на него ќе се смета на следната сезона и дека не постои сомнеж дека клубот сака да го продаде.

„Ние сметаме многу сериозно на него и следната сезона“, се вели во пораката што Абидал му ја достави на Гризман на состанокот, тврди Л’Екип.

Гризман има одиграно вкупно 44 натпревари за каталонскиот гигант оваа сезона и има учинок од 15 голови и четири асистенции.